logo
logo
logo

„Граѓаните“ го распарчија и Тотенхем, Гундоган си поигруваше со ѕвездите на Жозе (видео)

Vecer | 13.02.2021

„Граѓаните“ го распарчија и Тотенхем, Гундоган си поигруваше со ѕвездите на Жозе (видео)

Фото: Premier league

Манчестер Сити доби уште едно дерби. После Ливерпул, го совладаа и Тотенхем и со крупни чекори итаат кон нова шампионска титула во Премиер лигата. „Граѓаните“ денеска блескаа во дуелот со ѕвездите на Жозе Мурињо, поточно Илкај Гундоган ги полудуваше дефанзивците на лондонската екипа. Посебно беше убав третиот гол во кој му го помати умот на противничкиот играч пред да реализира гол.

Инаку тој е најефикасниот фудбалер во Премиер лигата во 2021 година со девет погодоци.

Резултатот го отвори Родри со гол од пенал во 23 минута, а во второто полувреме Гундоган два пати се запиша во листата на стрелци.

Сити е прв со 53 бода, седум повеќе од вториот Лестер. Тотенхем е дури на осмото место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk