logo
logo
logo

„Граѓаните“ го победија ПСЖ и се приближија до првото финале во ЛШ (видео)

Vecer | 28.04.2021

„Граѓаните“ го победија ПСЖ и се приближија до првото финале во ЛШ (видео)

Екипата на Манчестер Сити со пресврт го совлада Пари Сен Жермен со 2:1 на „Паркот на принцовите“ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ играа лошо во првото полувреме, но во второто успеаа да се стабилизираат и да постигнат два гола за победа и за приближување до своето прво финале во елитното европско клупско натпреварување.

Во 15. минута Маркињос ја погоди мрежата на Сити по корнерот на Ди Марија.

Кон крајот на првото полувреме Фоден имаше шанса за изедначување но Навас одбрани. Сепак голманот на ПСЖ капитулираше во 64. минута. Костариканецот лошо ја процени ситуацијата и прими гол по центаршутот на Де Брујн. Белгиецот центрираше, Навас чекаше од своите соиграчи да расчистат, а никој не скокна по топката, па таа заврши во мрежата.

Само седум минути подоцна уште еден гол во мрежата на парижаните. Ријад Марез погоди oд слободен удар за победа. Во 77 минута Геје направи груб прекршок поради кој доби црвен картон и ПСЖ остана во финишот со играч помалку. Во таква ситуација беше немоќен да извлече барем реми.

Реваншот се игра во Манчестер. Минатосезонскиот финалист во ЛШ ќе мора да оди на победа со постигнати два или повеќе голови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk