logo
logo
logo

Грацијано Пеле се врати во Парма

Vecer | 05.02.2021

Грацијано Пеле се врати во Парма

Италијанскиот напаѓач Грацијано Пеле е нов голгетер на Парма. Искусниот фудбалер денеска го комплетира трансферот кај „млекарите“, а доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со кинески Шандонг Луненг за кои одигра 105 лигашки натпревари и реализираше 52 погодоци.

Претходно играше за Саутемптон, а најголем впечаток остави во Феенорд кога на 28 прволигашки натпревари постигна 23 голови. Пеле беше дел и од Парма од 2011 до 2013 година, а играше уште и за АЗ, Сампдорија, Чезена, Катанија, а првиот клуб му беше Лече.

За Италија има 20 настапи и 9 гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk