logo
logo
logo

Готово е: Реал го договори Алаба на пет години!

Vecer | 21.04.2021

Готово е: Реал го договори Алаба на пет години!

Вечерта кога сите ја исчекуваа оставката на Флорентино Перез од местото претседател на Реал Мадрид, и тоа поради фактот дека нема ништо од проектот „Суперлига“, одредени медиуми во Шпанија и Германија објавија дека “кралевите“ го договориле стоперот на Баерн Минхен, Давид Алаба. Договорот ќе важи на пет години, значи до јуни 2026 година а останатите детали се уште не се познати. Ова беше и очекувано, ако се знае дека Австриецот во јуни ќе си оди од Баерн Минхен како слободен играч, а и дека “кралевите“ му го исполниле барањата кои за “баварците“ беа екстремно големи.

Сепак овој трансфер во најава остана незабележан и тоа поради синоќешниот трилер што се случуваше во Мадрид, но и во останатите клубови од т.н. Суперлига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk