logo
logo
logo

Готово е: Погба во Јуве за 8 милиони евра годишно…плус бонуси!

Vecer | 23.06.2022

Готово е: Погба во Јуве за 8 милиони евра годишно…плус бонуси!

Како што јавуваат попладнево медиумите во Италија, се чини дека трансферот на Пол Погба во Јуве е готова работа. Менаџерот на играчот и челниците на Јуве имале средба на која било договорено Погба да биде платен со 8 милиони евра годишно плус 2 милиони низ разни бонуси.

Договорот ќе биде потпишан на четири години. Останува само да почекаме на официјалната потврда од страна на Јуве.

Инаку договорено е репрезентатовецот на Франција на 1 јули да се јави во клупските простории.

Ова ќе биде негово враќање во Јуве, познато е дека пред шест години тој од Торино направи трансфер во Манчестер Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk