logo
logo
logo

Готово е, “панцерите“ имаат нов селектор: Германија со Флик и Клозе доаѓа на 11 октомври во Скопје!

Vecer | 30.04.2021

Готово е, “панцерите“ имаат нов селектор: Германија со Флик и Клозе доаѓа на 11 октомври во Скопје!

Готово е, Ханси Флик постигна договор со Фудбалскиот сојуз на Германија и после ЕУРО тој седнува на клупата на “панцерите“. Ова утринава го објавуваат медиумите во Германија, а интересно е тоа што Флик веќе ги одбрал своите помошници, еден од тие е некогашната голема ѕвезда Мирослав Клозе.

Планот е раководството на германскиоот сојуз веќе наредниот викенд да ја објави оваа вест. Со оглед на тоа дека Флик има договор со “баварците“ уште две години, да не се прават проблеми околу тоа, Баерн и Германија ќе одиграа пријателски натпревар а средствата ќе одат во касата на “баварците“ како отштета од раскинувањето на договорот. Инаку Флик ќе го води Баерн до крајот на сезоната, а потоа на клупата на гигантот седнува Јулиан Нагелсман.

Тоа значи дека Германија, во меч од квалификаците за СП во Катар 2022 година, во Скопје на дуел со Македонија на 11 октомври доаѓа со Флик на клупата и со неговиот помошник Мирослав Клозе. Да се надеваме дека дотогаш пандемијата ќе се намали па ќе можеме пред 35.000 гледачи на нашиот државен празник, да ја сочекаме Германија во еден спектакуларен дуел.

Првиот натпревар во Дуизбург, на 31 март, заврши со победа на Македонија од 2:1

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk