logo
logo
logo

Готово е: Флик призна дека побарал раскин на договорот со Баерн

Vecer | 17.04.2021

Готово е: Флик призна дека побарал раскин на договорот со Баерн

Ханси Флик и дефинитивно нема да биде тренер на Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, и веќе побарал од раководството да биде раскинат договорот.

Флик веројатно го превзема кормилото на германскиот национален тим, а Баерн ќе бара нов тренер на лето.

„Да, по натпреварот во Париз побарав од челниците да го раскинеме договорот на лето“, рече Флик за „Скај“ по натпреварот со Волфсбург.

Засега во јавноста има неколку имиња, а најсериозни кандидати се Масимилијано Алегри и Јирген Клоп. За Алегри прв избор е Јувентус, а Клоп, пак, има важечки договор со Ливерпул.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk