logo
logo
logo

Горгиев: Респект за Тиквеш, но Силекс е поквалитетен тим, очекувам победа!

Vecer | 25.05.2021

Горгиев: Респект за Тиквеш, но Силекс е поквалитетен тим, очекувам победа!

Попладнево од 16 часот, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра бараж мечот за пласман во ПМФЛ меѓу Силекс и Тиквеш. Ова ќе биде реприза на оној бараж дуел меѓу овие две екипи пред две години. Тогаш во Ѓорче екипата од Кратово славеше, кавадарчани тагуваа.

Како ќе биде денеска бараме одговор од Пепи Горгиев, офанзивецот на Силекс, веројатно најдобриот фудбалер на кратовци за кого овој меч ќе биде последен во дресот на овој тим.

Да, како што изгледа попладнево ќе играм за последен пат за Силекс. Но, за тоа потоа, сега е најважно на клубот да му овозможиме и следната сезона да игра во елитата, таму каде што и заслужува. Со изборување на опстанокот да ја направиме сезоната успешна. Го освоивме Купот, обезбедивме излез во Европа, сега уште ни остана опстанокот“ вели Горгиев за СПОРТМЕДИА.

За Тиквеш, ривалот во овој бараж меч, Горгиев има само пофални зборови.

Добар тим, и порано како фудбалер на Беласица и Брегалница сум играл против кавадарчани. Секако дека и тие си имаат свои желби и амбиции. Ќе мораме да бидеме максимално внимателни, се игра еден меч, се е можно. Секако, сиот респект за Тиквеш, но Силекс е поквалитетен тим и очекувам победа“ заклучи Горгиев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk