logo
logo
logo

Горан Тиловски реизбран за претседател на ППФМ

Vecer | 15.03.2021

Горан Тиловски реизбран за претседател на ППФМ

Вчера со почеток во 14 часот Пинг понгарската федерација го одржа своето редовно изборно собрание. Делегатите на членовите на пинг понгарската федерација бираа, претседател, потпретседател, управен одбор и надзорен одбор на Пинг понгарската федерација на Македонија.

На собранието учествуваа 30 делегати од вкупно 34 клубови, членови на ППФМ. На изборното собрание како гости беа претставниците на АМС г-дин Огнен Стојановски,и Генералниот секретар на МОК г-дин Сашо Поповски.

Под водството на Тиловски и Рикаловски пинг понгот на организациски план доживеа вистинска ренесанса. Организирано е Балканско првенство, турнир од челинџ серијата за катеди и Јуниори под покровителство на ИТТФ. На челинџ турнирот во посета на ППФМ дојдоа претседателите на ИТТФ и ЕТТУ.

Исто така во изминатиот период пред почетокот на ковид кризата голем број на млади играчи беа испратени во тренинг кампови ширум Европа, кои беа водени од еминентни тренерски имиња од европскиот пинг понг.

Како и во изминатите четири години исто така и за во наредниот период плановите на ППФМ се амбициозни и претставуваат само надоградување на досега сработеното.

Тиловски во својот говор пред делегатите истакна дека плановите на ППФМ за следниот период се:

1.Обезбедување на финансиска стабилност на ППФМ

2. Поттик на младите за поактивно вклучување во пинг понгот со цел на зголемување на бројот на регистрирани млади играчи

3. Решавање на инфраструктирен проблем, недостаток на објект во сопственост на федерацијата или објект доделен на трајно користење.

4.Поддршка на клубовите кои работат со тренинг школи за младите категории на играчи

На гласањето за претседател на ППФМ, со големо мнозинство од присутните делегати е реизбран Горан Тиловски,кој ќе ја води ППФМ во наредните 4 години. Тиловски беше единствен кандидат кој успеа да обезбеди поддршка од повеќе од 10 членки на ППФМ, додека единствениот против кандидат Симчо Стојановски не успеа да ја обезбеди поддршката од 10 членки на ППФМ за да учествува на изборот за претседател на ППФМ.

За потпретседател е избран Златко Рикалоски кој и во досегашниот мандат ја извршуваше таа функција.

Ако се има во предвид досега сработеното, на македонските пинг понгари им претстои светол период со подобрување на условите за тренинг, и учество на сите поголеми натпреварување на Балканско, европско и интернационално ниво

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk