logo
logo
logo

Горан Симов: Силекс одигра максимално ангажирано, како бивш играч на Вардар жал ми е за тој клуб!

Vecer | 11.04.2021

Горан Симов: Силекс одигра максимално ангажирано, како бивш играч на Вардар жал ми е за тој клуб!

Силекс со 6:0 успеа да го победи Вардар во една од пресудните битки за опстанок во ПМФЛ. Сите очекуваа победа на кратовци, но ретко кој можеше да претпостави дека Силекс буквално ќе го столчи нашиот најтрофеен клуб и веројатно ќе го прати во Втората лига.

После натпреварот свој коментар за СПОРТМЕДИА имаше тренерот на Силекс, Горан Симов.

Нам овој меч ни беше од животно прашање. Оваа победа ни беше многу, многу потребна. Затоа и така влеговме во мечот, максимално ангажирано, со цел да победиме и да ги освоиме тие три бода. Секако дека сум среќен по една ваква победа. Сега атмосферата во тимот е одлична по двата последни меча и победи над Струга Трим Лум и Вардар, сега полесно се дише во Силекс. Дали можевме да запреме на 3:0? Тоа беше вашето прашање? Видете, Силекс и јас како тренер никогаш не сме калкулирале. Игравме да победиме и тоа е тоа. Јасно е дека како некогашен играч на Вардар мене ми е жал за тоа што сега се случува во тој клуб, но Силекс тука е немоќен“ заврши Симов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk