Голманот на Пакос де Фереира е „мајстор“ за трошење време (видео)

" alt=

Пакос де Фереира извлече шокантна 1:0 победа над Порто во неделата, но снимките кои се раширија на Интернет покажуваат дека една од главните ѕвезди е голманот Марио Фелгеираш.

Домаќините успеаја да постигнат гол по 30 минути игра, по што од тој момент се спасуваа со секоја наредна топка. Покрај тоа, Пакос имаа неверојатна тактика на трошење на време, што може да се забележи со фантомската повреда на голманот Фелгеираш.

Дека, Фелгеираш не е само „трошач“ на време добро покажува тоа што во 67. минута тој одбрани пенал, и покрај тоа што зад него гостинските навивачи на Порто му пречеа со мегафон!

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари