Откако е јасно дека и во оваа сезона Оле Гунар Солскјер смета на Давид де Геа како „единица“ за Манчестер Јунајтед, се поголемо е незадоволството на Дин Хендерсон, па така тој побарал трансфер за да ја смени средината.

Имаше најави дека Де Геа ќе го загуби местото во тимот поради слабата форма, особено што не бранеше на ЕУРО, и имаше неколку киксови на крајот од минатата сезона, сепак, на почетокот на оваа сезона брани одлично, одбрани и пенал против Вест Хем, па така тој ќе остане број 1 засега во Јунајтед.

Тоа е доволна причина за Хендерсон да побара заминување, затоа што сака да брани и да ја смени средината.

 

sportmedia.mk