logo
logo
logo

Голманот на Клуб Бриж ги пецна фудбалерите на ПСЖ по ремито

Vecer | 16.09.2021

Голманот на Клуб Бриж  ги пецна фудбалерите на ПСЖ по ремито

Клуб Бриж и ПСЖ одиграа нерешено 1-1 во првото коло во Лигата на шампиони. Првпат оваа сезона заедно заиграа Меси, Нејмар и Мбапе, но белгијскиот тим успеа да најде решение за атомскиот напад на противникот и да земе бод од оваа средба.

По натпреварот, голманот на Бриж, Симон Мињоле истакна дека немал премногу работа.

„Немав воопшто работа. Одигравме многу добро, компактно, тимски и не им дозволивме да направат големи шанси. Не можете такви играчи да ги чувате еден на ден. Тие се преквалитетни во такви ситуации, успеавме заедно да ги сопреме, не им оставивме простор. Имав неколку лесни одбрани, но ништо посебно“, изјави голманот на Клуб Бриж.

ФОТО: Клуб Бриж/Твитер

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk