logo
logo
logo

Голем пресврт: Потврден датумот и местото на борба меѓу Тајсон о Хилифилд

Vecer | 24.03.2021

Голем пресврт: Потврден датумот и местото на борба меѓу Тајсон о Хилифилд

Пред само еден ден стигнаа информации дека нема ништо од спектаклот меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд. Сепак во последен момент се случи пресврт, ќе има трет меч меѓу двете боксерски икони, и тоа на 29 мај во Мајами како што беше претходно договорено.

„Сакам да знаат сите, борбата меѓу мене и Холифилд и натаму трае. Тој е скромен човек. Тој е божји човек, но и јас сум. И слушнете добро, ќе бидам успешен на 29 мај“, се огласи Тајсон.

Холифилд го доби првиот во 1996 година, а година дена подоцна се случи еден од најпознатите моменти во историјата на овој спорт. Тајсон во еден момент откина парче од увото на Холифилд и автоматски беше дисквалификуван.

Иако двајца се длабоко навлезени во шетото десетолетие, боксерскиот свет сака да биде сведок на нов меч, кој ќе биде запиша во историјата на овој спорт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk