logo
logo
logo

Голем хендикеп за Македонија, дефинитивно без Столе во Данска

Vecer | 12.03.2021

Голем хендикеп за Македонија, дефинитивно без Столе во Данска

По верашната еуфорија и големиот триумф против светскиот првак Данска на домашен терен, денеска веќе се сумираат впечатоците и се брои играчкиот кадар кој ќе биде способен да го одигра веќе следниот меч против данците в недела на 14 март на нивен терен.

Од нашиот табор за Спортмедиа предмалку потврдија дека за мечот против Данска на нејзин терен кој го играме в недела на 14 март, со почеток од 16:00 часот дефинитивно не може да се смета на услугите на Стојанче Стоилов кој има проблеми со кичмата. Селекторот Кире Лазаров не сака да ризикува со искусниот пикер и затоа тој нема да биде во составот.

На таа позиција сме пополнети покрај со Стоилов уште и со Никола Маркоски и Жарко Пешевски на кого сега нормално ќе падне целиот товар да се одигра исто така на високо ниво против светскиот првак како и во Скопје.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk