logo
logo
logo

Голеада во Неапол: Наполи го „растури“ Лацио, играше и Елмас (ВИДЕО)

Vecer | 22.04.2021

Голеада во Неапол: Наполи го „растури“ Лацио, играше и Елмас (ВИДЕО)

Седум гола вечерва во Неапол, со „хепи енд“ за Наполи, кој со 5:2 го совлада Лацио. Уште во првиот дел Инсиње од пенал и Политано донесоа предност за домашниот тим од 2:0.

Следуваа убавите голови на Инсиње и на Мертенс за 4:0. Потоа минути на Лацио кој преку Имобиле и Сергеј Милинковиќ Савиќ успеа да дојде до 4:2, но Осимен постигна уште еден гол за конечни 5:2.

Инаку и покрај најавите, Елиф Елмас беше во комбинација, и влезе во игра во 82. минута, и покрај тоа што се шпекулираше дека ќе биде суспендиран од овој меч поради тоа што беше избркан од тренинг во текот на вчерашниот ден.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk