logo
logo
logo

Голеада на Арената, прекрасни голови, Шкендија покажа зошто е шампион! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Vecer | 28.04.2021

Голеада на Арената, прекрасни голови, Шкендија покажа зошто е шампион! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прекрасен натпревар, прекрасни голови, вистинска голеада на Арената во Скопје попладнево и победа на Шкендија против Работнички со 5:3. Се почна во 2.минута кога по смешната реакција на гостинскиот голман Захов, Марио Станковски стрелаше за 1:0 за Работнички. Се заврши со голот на Бесарт Ибраими бр.20 оваа сезона, кога го искористи истрчувањето на Јанков пред голот на гостите во 90+3.минута, а тоа “бомбардерот“ не го простува.

Шкендија започна со комбиниран состав, но на крајот сепак покажа зошто е шампион. Работнички пак и дефинитивно се прости од битката за излез во Европа,сега и теоријата не игра никаква улога.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk