logo
logo
logo

Голден Арт КЛ 7 со важни бодови против Работнички

Vecer | 17.04.2021

Голден Арт КЛ 7 со важни бодови против Работнички

Екипата на Голден Арт КЛ 7 успеа да стави крај на серијата од два порази и да дојде до важни бодови против Работнички. На домашен терен славеше со 27-23 за петта победа во плеј-аутот, која засега ги носи на второто место на табелата зад лидерот Тиквеш 2014.

Домашниот состав ја имаше контролата на мечот во текот на целиот меч, на полувремето имаше водство од 15-8. Прво име на теренот беше Игор Ѓорѓиев, кој постигна десет гола, Александар Стојков запиша шест погодоци, еден помалку имаше Емилијан Ѓорговски.

Кај гостите, Крстевски имаше девет гола, Добревски беше стрелец на два гола помалку.

Останатите средби од седмото коло во плеј-аутот се закажани за утре.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk