logo
logo
logo

Голчиште на Дарбо: Екс-фудбалерот на Шкупи сам го победи Бате Борисов (ВИДЕО)

Vecer | 10.05.2021

Голчиште на Дарбо: Екс-фудбалерот на Шкупи сам го победи Бате Борисов (ВИДЕО)

Дури сега се гледа што значеше Дембо Дарбо за Шкупи. Имено на крилата на фатнастичниот офанзивец од Гамбија, Шахтјор Солигорск не знае за доста. Осум меча во првенството на Белорусија и осум победи. Постигнати 21 гол од кои дури 9 на екс фудбалерот на Шкупи, кој пред четири месеци од Чаир се пресели во Солигорск.

Сепак она што вчера го направи Дембо Дарбо, и тоа на дербито против Бате Борисов е нешто фантастично. Се играше 20.минута кога Дембо Дарбо постигна велемајсторски гол, се сам направи и испрати “бомба“ во мрежата на Бате Борисов. Гол за 1:0, гол за победа и три големи бода.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=sK8Co7GKSHo[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk