logo
logo
logo

Гоце Седлоски е прв пик за тренер на Шкупи!

Vecer | 12.04.2021

Гоце Седлоски е прв пик за тренер на Шкупи!

По смената на Хасан Озер на „Чаир“ се во потрага по нов шеф на струката. СПОРТМЕДИА дознава дека екипата на Шкупи е во финални преговори со трофејниот наш стратег Гоце Седлоски. Тој е прв пик на управата на Шкупи кои сакаат да доведат проверено тренерско име кое ја има формулата за шампионската титула во Македонија.

Шкупи го смени тренерот од Турција по шокантниот пораз од Ренова пред една недела. Изминатиов викенд „Чаирчани“ славеа на гости кај Академија Пандев и останаа на сигурната втора позиција на табелата. Гоце Седлоски на почетокот на сезонава замина во вториот тим на Динамо Загреб, настанаа проблеми со коронавирусот и сега е без ангажман. Тој беше во игра за клупата на Шкупи и пред ангажманот на Хасан Озер со кого нашиот легендарен стопер има играно заедно во екипата на Дијарбакир.

Според она што го дознаваме Седлоски и Шкупи веќе имале финални преговори за соработка. Поранешниот дефанзивец има две титули со Вардар (две и како спортски директор) и блескав евро-настап во историската сезона на „црвено-црните“ кога ги победи Малме и Розенборг. Претходно тој беше на клупата на Хоризонт Турново со кој беше втор во шампионатот, а имаше и успех во Широки Бријег во БиХ, каде што играше финале и беше трет на табелата со што избори место на евро сцената.

Седлоски своевремено беше и тренер на Рига во Латвија, но беше сменет на средината од сезоната во која оваа екипа ја освои двојната круна на својата земја. Плановите на Шкупи се со Гоце Седлоски идната сезона да ја нападне шампионската титула на Шкендија затоа што сега тоа е речиси невозможно.  Клубот од Тетово има +10 бода пред „чаирчани“ на 7 кола до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk