logo
logo
logo

Го знаеме Халанд како „гол машина“, а неговиот братучед има неверојатни бројки

Vecer | 01.03.2021

Го знаеме Халанд како „гол машина“, а неговиот братучед има неверојатни бројки

Ерлинг Халанд, сите го знаеме како „гол машина“ како новиот Ибрахимовиќ кој ќе „гази“ во иднина. Во моментов Норвежанецот ги руши сите рекорди.

Но, неговиот братучед може да тргне по неговите стапки. Станува збор за Алберт Тјаланд кој настапува во тимот на Молде. Имено, овој 17-годишен играч за младинската екипа има неверојатни бројки.

Имено, овој млад играч кој исто така игра во нападот, има 64 гола во 37 меча, или по два гола на натпревар. Тоа е навистина импресивно, па макар станувало збор и за младински состав.

А, дали Тјаланд ќе тргне по стапките на Халанд, останува да видиме. Уште од сега за него се борат некои европски клубови, а согласно информациите, во таа битка најжестоки се Галатасарај, како и екс клубот на Халанд, Салцбург.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk