Постојат реални шанси во нападот на селекцијата на Германија за мечот против Македонија, кој се игра на 31 март во Дуисбург, да се најде и Томас Милер. Ова како можност го најавуваат медиумите во Германија, откако денеска по неколку дневната пауза поради коронавирусот, офанзивецот на Баерн Минхен почна со тренинзи.

Да споменеме дека Милер од 2018 година не е веќе меѓу оние кои играат за својата репрезентација. Селекторот Јоаким Лев едноставно не го повикува, и тоа наидува на големи реакции во тамошната фудбалска јавност. Луѓе блиски до Лев велат дека селекторот на Германија е подготвен да ја “проголта“ свиојата суеата и да го врати во репрезентацијата клучниот играч на “баварците“, дури и за мартовскиот квалификациски циклус за СП во Катар 2022 година, кој завршува со дуелот меѓу Германија и Македонија.

sportmedia.mk