logo
logo
logo

„Го расипав трансферот на Ричарлисон, веќе беше договорен, но го премислив“

Vecer | 12.05.2021

„Го расипав трансферот на Ричарлисон, веќе беше договорен, но го премислив“

Марко Силва, екс менаџерот на Ватфорд и на Евертон во интервју за „Гардијан“ откри дека  го расипал трансферот на Ричарлисон во Ајакс, и го убедил да дојде во Премиер-лигата.

Тој го забележал бразилскиот фудбалер на камп во Австрија, и веднаш го контактирал менаџерот, но од таму добил студен туш.

„Го забележав Ричарлисон во Австрија, и тој е Бразилец, но нема таков менталитет. Повеќе има европски. Го контактирав менаџерот но тој ми рече: ‘Жалам, но Ричарлисон оди на пат во Амстердам, потпишува со Ајакс. Се е договорено’. Не чекав многу, веднаш го најдов неговиот број и директно му се обратив. И тој ми го рече истото, но јас му реков дека сон на секој фудбалер е да игра во Премиерлигата, и дека тоа е најсилната лига. Веднаш го смени мислењето, и дојде во Ватфорд, а потоа и во Евертон“, рече Силва.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk