logo
logo
logo

Гнев во Португалија: За финалето во ЛШ може навивачи, а не може за домашното Куп финале

Vecer | 14.05.2021

Гнев во Португалија: За финалето во ЛШ може навивачи, а не може за домашното Куп финале

И веќе дефинитивно се знае дека финалето во ЛШ меѓу Сити и Челзи ќе се игра во Порто, на стадионот “Драгао“ и дека на трибините ќе има најмалку 15.000 гледачи. И двете екипи ќе добијат по 6.000 влезници.

И сето тоа е во ред, но оваа одлука, да има фанови на финалето во ЛШ, наиде на голем гнев во фудбалската јавност во Португалија, посебно меѓу фановите на Брага и Бенфика. Имено овие две екипи ќе играат во финалето во Купот на Португалија на стадионот Академика, се игра на 23 мај, каде што не смее да има навивачи на трибините.

Токму затоа гневот кај нив, имено како може да има навивачи на еден фудбалски натпревар под капата на УЕФА во нивната земја, а не смее да има на финалето на домашниот Куп.

Очигледно е дека оваа одлука во најмала рака е неразумна.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk