logo
logo
logo

Ѓурѓевиќ: Секогаш подготвен да му помогнам на тимот

Vecer | 06.04.2021

Ѓурѓевиќ: Секогаш подготвен да му помогнам на тимот

Работнички оствари многу важна победа (2-1) над Борец во 25.коло од Првата фудбалска лига. Творец на победата беше Фахрудин Ѓурѓевиќ кој постигна два гола во финишот и го обезбеди триумфот. Влезе во завршницата од мечот како „џокер“ од клупата на Александар Влахо и одговори на одличен начин, со два гола за осум минути – доволни за три нови бода.

Ја чекаше својата шанса оваа пролет и покажа дека секогаш е подготвен да го даде максимумот за тимскиот успех.

Влегов во игра на 0:0, секако интенцијата беше наша победа, а во меѓувреме и примивме гол. За среќа, успеавме веднаш да возвратиме, а пред самиот крај со вториот гол да оствариме и триумф. Среќен сум што стигнавме до победа, секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот. Сега треба да продолжиме во ист стил и на наредните натпревари. Не очекува уште еден тежок натпревар против Пелистер претстојниот викенд“, вели Фахрудин Ѓурѓевиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk