По речиси две децении, Александар Ѓорѓевиќ, се чини дека ќе се врати во својот Партизан. И тоа како тренер на балканскиот кошаркарски гигант, инаку некогашен европски првак од 1992 година, кога го победи Хувентуд во финалето токму со епската тројка на Ѓорѓевиќ во Истанбул.

Српски “Телеграф“ од свои извори дознава дека екс селекторот на Србија, нема да го води Виртус следната сезона, дека ќе има “ремонт“ во тој италијански клуб и дека Ѓорѓевиќ најверојатно нема да биде тренер.

Па така во овие моменти имало почетни разговори меѓу Зоран Савиќ, новиот спортски директор на Партизан и Ѓорѓевиќ, инаку некогашни соиграчи и големи пријатели од репрезентацијата на Југославија, а подоцна и на Србија. Савиќ му понудил на популарниот Сале да се врати во неговиот Партизан и да отпочне новиот проект на клубот. Во прво време треба да се симне од шампионскиот трон вечниот ривал Ц. Звезда а потоа и да се тргне кон врвот на Европа.

Да кажеме дека до пред извесно време тренер на “црно – белите“ беше Македонецот Сашо Филиповски, а на негово место дојде Александар Матовиќ кој би требало да биде само преодно решение.

sportmedia.mk