logo
logo
logo

Ѓорѓев со петтиот гол сезонава го најави пресвртот за победа на Грасхоперс

Vecer | 09.02.2021

Ѓорѓев со петтиот гол сезонава го најави пресвртот за победа на Грасхоперс

Со својот петти гол оваа сезона, Никола Ѓорѓев го најави пресвртот кој Грасхоперс го направи на гости кај Винтертур во победата од 3:2 во мечот од 2. швајцарска лига вечерва.

Домашните водеа со 1:0 и 2:1, пред Ѓорѓев да погоди за второ израмнување во втората минута од второто полувреме и да го најави пресвртот кој стигна со уште еден гол на гостите во завршницата на мечот. Нашиот повремен репрезентативец, покрај петте гола оваа сезона во дресот на Грасхоперс има и 6 асистенции што го прави еден од најкорисните играчи во тимот кој се бори за враќање во елитата на Швајцарија следната сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk