logo
logo
logo

Ѓорѓески: Додека некои сонуваат, младите во Металург веќе созреваат преку евро-сцената

Vecer | 17.02.2021

Ѓорѓески: Додека некои сонуваат, младите во Металург веќе созреваат преку евро-сцената

Зад Металург се два нови меча во Европската лига. За жал тимот од Автокоманда немаше можност да се покаже во подобро светло против Висла Плоцк, со помладен состав, запиша два убедливи порази од лидерот во групата А.

Повредите и коронавирусот, и натаму се проблем за Металург, кој пак не се откажа од мислата да излезе на терен. Додека многумина сонуваат за европски мечеви, во овој тим младите ракометари веќе ги пишуваат своите први настапи, први голови и први одбрани во овие натпреварувања.

Не е лесно да се биде на терен со половичен состав, но токму пружената шанса е доволен мотив. Позитивна страна секогаш има, од овие убедливи порази може да излезе добра лекција за мечевите во домашниот шампионат.

„Навистина е тешко да се игра во еден ваков скратен состав, имаме многу млади и неискусни играчи. Сепак ова е голем плус за нас. Помладите добија голема шанса, покажаа борбеност и желба, би рекол напредуваа од меч на меч. Сето ова ќе биде плус за Супер-лигата.

Секој играч сака да игра европски мечеви, да го даде својот максимум, па токму затоа не е потребна посебна мотивација за да влезеш на теренот против било кого. Секој ја чека својата шанса, а кога ќе ја добие истата сите проблеми се забораваат“, вели Даниел Ѓорѓески, кој вчера имаше девет одбрани против Висла Плоцк.

Желбата за продолжение е една, да се искористат следните два меча во Евроспката лига на најдобар можен начин, а потоа максимално да се влезе во плеј-офот.

„Се надевам дека во најскоро време ќе бидеме комплетни, ќе го извлечеме најдоброто од овие средби и ќе собереме поголемо искуство за плеј-офот во домашното првенство. Металург има што да покаже, сезоната е долга“, додаде чуварот на мрежата на тимот од Автокоманда.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk