logo
logo
logo

Ѓоковиќ расплака дете на трибините (Видео)

Vecer | 30.09.2022

Ѓоковиќ расплака дете на трибините (Видео)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Васек Поспишил во четвртфиналето на турнирот во Тел Авив во два сета 7:6 (7:5), 6:3.

Веројатно, рутинска победа за Ѓоковиќ, а еден ,млад навивач на Новак во Тел Авив никогаш нема да го заборави овој ден.

Тој пред мечот ја напишал својата желба на хартија, а српскиот шампион му ја исполнил по победата над Вашек Поспишил. Момчето побарало рекет од српскиот ас, кој го видел транспарентот, отишол до торбата, зел и му го однел на својот навивач, кој, пак, почнал да плаче од среќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk