Ѓоковиќ полуде и почна да и вика на сопругата Јелена: Таблетиии...

Новак Ѓоковиќ успеа да пронајде начин да се справи со Џон Милман и сосема заслужено се пласираше во полуфиналето на Ју-Ес опен, но покрај комичната ситуацијата која ја имаше со австралискиот тенисер, вреди да се истакне и еден негов нервозен момент кога не му одеше баш најдобро на теренот.

Спарното време и огромната влажност ги правеа условите на теренот навистина тешки, а во еден момент Ѓоковиќ примети дека во неговата торба ги нема потребните таблети кои тенисерите ги користат како суплементи за враќање на енергијата.

Србинот навистина полуде во оваа ситуација и почна да вика кон својот бокс и кон својата сопруга Јелена, која изненадена од реакцијата на сопругот, се обидуваше да дознае какви таблети бара Ноле. Ниту таа, ниту останатите луѓе од боксот не изгледаа како да знаат за што станува збор, а на крајот сето ова остана во втор план бидејќи Ѓоковиќ ја преживеа кризата и без проблеми се пласираше во полуфиналето во кое за противник ќе го има Нишокори.

Поврзани

Најнови вести

Коментари