logo
logo
logo

Ѓоковиќ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ за судските трошоци, ТУКУ АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Vecer | 19.01.2022

Ѓоковиќ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ за судските трошоци, ТУКУ АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Организаторите на Австралија Опен може да ги сносат судските трошоци за случајот на Новак Ѓоковиќ, јавуваат странските медиуми.

Засега не се знае колкава е сумата, но трошоците по првото рочиште беа околу 500.000 долари и нема сомнеж дека организаторите на првиот Грен слем во сезоната сепак би требало да платат толку.

„Најважното нешто што луѓето не го знаат е дека Тенис Австралија ги плаќа судските трошоци на Ѓоковиќ, а не тој самиот“, изјави извор на Дејли Меил.

Тој посочува дека тоа се всушност пари на даночните обврзници.

„Тие добиваат пари од владата за Австралија опен, така што практично оние што плаќаат даноци ќе ги платат и овие трошоци, иако Ѓоковиќ го загуби спорот“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk