Денеска беше извршена ждрепката за вториот Грен слем турнир оваа сезона, по што најдобриот тенисер на АТП истата, Новак Ѓоковиќ се најде во истата половина од „костурот“ со двата најголеми ривали- Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Тоa практично значи дека Ѓоковиќ за да ја освои титулата на терените во Париз ќе мора да ги мине и двајцата големи фаворити, секако доколку тие успеат да стигнат најмалку од четвртфиналето. Таму Ѓоковиќ за потенцијален ривал ќе го има Федерер, а со Надал би се сретнал евентуално во полуфиналето.

Во првото коло Ѓоковиќ ќе игра против американскиот тенис Сандгрен, Надал стартува против Попирин, додека Федерер чека некој од квалификантите.

sportmedia.mk