Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Ролан Гарос виде голема мака, по пресврт го совлада Италијанецот Лоренцо Мусети, кој е 76-ти на АТП-листата.

Српскиот тенисер во првите два сета губеше со 2-0, но најде сила и мотив, се врати и дојде до победа од 3-2 со сетови (6:7, 6:7, 6:1, 6:0, 4:0). Во последниот петти сет, италијанскиот тенисер го предаде мечот.

Ѓоковиќ првите два сета ги загуби во два тајбрејка со 6-7. Во третиот на противникот му препушти само еден гем, а потоа следеше целосна доминација.

Ноле во четвртфиналето ќе игра одново против Италијанец, го чека Матео Беретини.


sportmedia.mk