"Ѓоковиќ е фаворит во обложувалници, Надал е "портпарол" на Ноле..."

Некогашната шампионка на Грен Слем, Американската Крис Еверт дала своја прогноза во машки синг на годинешниот УС Опен.

Еверт немала никаква дилема – титулата ќе ја земе Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал или Роџер Федерер.

Еве што рекла за секој од нив:

"Роџер Федерер е способен за се. Тоа сите го знаеме. Надал е најголем работник, голем професионалец кој не се предава. Пресреќна сум поради начинот на кој ни се врати Новак Џоковиќ. Имаше тешка година, и приватно и професионално а во обложувалниците е најголем фаворит. Сепак ако треба да одберам фаворит, тогаш нека биде Надал", рекла Крис Еверт, свесна дека Ѓоковиќ моментално има најмногу шанси.

Давајќи сопствени прогнози за трите тениски аса Ѓоковиќ, Федерер и Надал, познатата тенисерка намерно или не искоментирала нешто што е надвор од тенисот при тоа апострофирајќи дека "Ѓоковиќ е фаворит во обложуваниците а Надал е Надал..."

А кога "излетуваат" вакви изјави, тогаш и коментарите од другата страна на рекетот не изостнуваат, тоа се покажа и на социјалните мрежи, а насловот е само дел од нив...

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари