logo
logo
logo

ЃОКОВИЌ Е ЦАР, по Ролан Гарос и формално е поголем од сите

Vecer | 13.06.2021

ЃОКОВИЌ Е ЦАР, по Ролан Гарос и формално е поголем од сите

Бадијала Стефанос Циципас имаше предност од 2: 0 во финалето на Ролан Гарос кога наспроти себе го имаше главниот фаворит за титулата најдобар тенисер во историјата. Новак Ѓоковиќ направи еден од најголемите пресврти на сите времиња на Ралон Гарос и стигна до 19-от грен слем во кариерата со победа од 3: 2 (6: 7, 2: 6, 6: 3, 6: 2, 6: 4)

Сега, по оваа победа, освен што и понатаму е прв на тениската АТП листа, и покрај тоа што има најмногу недели како лидер на рејтинг листата поминато повеќе од било кој тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ сега е и единствен тенисер во светот кој успеал да победи по два пати на сите четири Гренд Слем турнири (Австралија, Ралон Гарос, Вимблдон, САД).

Роџер Федерер и Рафаел Надал сега имаат освоено само еден Грен Слем воопшто повеќе од Новак Ѓоковиќ и тоа е едниственото нешто што тие двајца го имаат повеќе од него, се друго е на негова страна, па им води и во меѓусебните дуели! А следат Вимблдон, УС Опен и Австралија, каде Новак ќе биде фаворит.

Циципас играше како да е мешавина од Надал и Федерер, но се покажа дека тоа не е доволно за Ѓоковиќ. Едноставно, никој не се осмелуваше и не можеше да го отпише Ѓоковиќ, царот на светскиот тенис денес, дури и кога почетно губи со 2: 0. Никој не знае од каде ја зема својата сила Ѓоковиќ, од каде ја добива својата ментална стабилност, самодоверба кога не му оди.

Ако некој гледал само два тениски натпревари во својот живот, полуфиналето и финалето на годинашниот Ролан Гарос, тој добил впечаток дека Новак е непобедлив. Што и да пробате против него, не вреди.

Можеби е непобедлив ... досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk