logo
logo
logo

„Ѓаволите“ ги спуштија на земја разлетаните „Граѓани“ (видео)

Vecer | 07.03.2021

„Ѓаволите“ ги спуштија на земја разлетаните „Граѓани“ (видео)

Манчестер Сити ја заврши серијата од 21 победа по ред во Премиер лигата. „Граѓаните“ беа спуштени на земја и тоа од градскиот ривал Манчестер Јунајтед на својот „Итихад“. Четата на Оле Гунар Солскјер ги освои бодовите од ова гостување со победата од 2:0.

Уште во втората минута изненадување за „Граѓаните“. Бруно Фернандеш од пенал донесе водство за „Ѓаволите“. На пеналот му претходеше прекршок на Габриел Жесус во сопствениот шеснаесетник. Тоа е 17ти гол од пенал на Фернандеш.

Во второто полувреме уште еден удар за лидерот на табелата. Лук Шо, бекот на Манчестер Јунајтед постигна гол за водство на Јунајтед од 2:0. За Шо ова е само втор гол во Премиер лигата воопшто во 180. натпревар. Се чини го избра точниот момент кога да погоди.

Мечот изобилуваше со убави шанси на двете страни, а Сити во двата меча со Јунајтед оваа сезона не успева да запише гол. Да потсетиме во декември на „Олд Трафорд“ немаше голови.

Сити и понатаму е лидер со 65 бодови, а Јунајтед скокна на второто место со 54 бодови. Лестер е трет (53)…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk