logo
logo
logo

“Гипсарите“ го победија Силекс и “пливаат“ кон безбедната зона (ВИДЕО)

Vecer | 17.04.2021

“Гипсарите“ го победија Силекс и “пливаат“ кон безбедната зона (ВИДЕО)

Попладнево под Шара, екипата на Ренова со 2:1 го победи Силекс и успеа да освои големи, големи три бода со кои, барем засега, “испливува“ кон безбедната зона на табелата,

Ова беше супер важен меч и за Ренова и за Силекс, меч во кој “гипсарите“ беа далеку подобар тим, имаа и шанси за поубедлив триумф, а стрелци на двата убави гола беа Шефити и Јусуфи во првиот дел. Голот за Силекс беше дело на Галевски во самиот финиш.

Сега Ренова со меч повеќе е на 8.место со 31 бод, а Силекс е десети со 29 бодови. Утре се играат останатите мечеви од ова 28.коло.

Ренова веднаш тргна во напад, целта беше рано водство. Силекс се ориентираше повеќе на одбраната, но генерално кратовци одиграа слабо, лошо прво полувреме.

Веќе во 12.минута водство на Ренова. Агилниот Јашаровски убаво го проигра младиот Шефити, а овој уште поубаво од свртување, успеа да го совлада Божиновски за голема радост на “гипсарите“. И покрај водството “гипсарите“ не го намалија темпото, беа далеку поактивен тим, се “плетеа“ акциите пред шеснаесетникот на кратовци. Па така во 33.минута Јусуфи влета во казнетиот простор, и место сам да ја решава ситуцијата тој асистираше пред петерецот и погреши. Сепак пет минути подоцна токму Јусуфи од десно постигна супер гол за сигурно водство на Ренова од 2:0.

КАКВА ШАНСА ЗА МУХАРЕМ

Продолжението започна со тројна измена кај каратовци. Тренерот Горан Симов во игра ги внесе Ристов, Тантуровски и Карчески. Тоа се чини дека вроди со плод. Силекс почна нешто да игра, но сега Ренова како да подзастана, и немаше зошто домашниот тим да игра толку офанзивно ако се знае дека со тие 2:0 немаше потреба да ги “брка“ кратовци. Во 68.минута супер шанса за домашните, Јашаровски како на тацна го послужи Мухарем, а овој од само 7-8 метри со шут со глава го префрли голот. По таа шанса Мухарем искочи, а казната можеше да дојде на другата страна, но за среќа на “гипсарите“ Тантуровски не успеа да намали.

До крајот Галевски во 90.минута успеа само да намали за конечни 2:1, а во последните секунди се случуваше драма, но домашните сепак славеа.

РЕНОВА – СИЛЕКС 2:1 (2:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи:/. Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци). Стрелци: Шефити 12., Јусуфи 38. (РЕН), Галевски 90 (СИЛ). Ж. Картони: Јусуфи, Јашаровски, Гавазај (РЕН), Каракамишев, Драшковиќ (СИЛ).

Играч на натпреварот: Фатјон Јусуфи (Ренова).

РЕНОВА: Велии, Гавазај, Садики, Шефити (90. Тафа), Јусуфи (87. Стојчевски), Мишковски, Фетаи, Велија, Јашаровски, Мухарем (68. Рамадани), Абдула.

СИЛЕКС: Божиновски, Драшковиќ, Каракамишев, Ј. Серафимовски (46. Ристов), Горгиев, В. Серафимовски, Мустафов (81. Манасиевски), Додевски (46. Карчески), Тимовски, Нешовски (46.Тантуровски), Ѓорѓевиќ (72.Галевски).

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=BL2LtQnu2mk[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Pfh8Py28mAg[/embed]

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=1cqvVVCygWQ[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk