Нејмар во иднина нема да биде “манекен“ на познатиот спортски бренд „Најк“. Имено, како што објавија од страна на компанијата од САД, бразилската супер ѕвезда одбила да учествува во истрагата заради сексуално злоставување, па затоа “Најк“ не сака да го има под “свое“ Нејмар.

А се започна пред неколку години кога извесна бразилска хостеса, инаку вработена во “Најк“ го пријавила Нејмар дека наводно на една промоција сексуално ја вознемирувал, па и дека ја злоставувал.

Покрената е интерна истрага, но и официјална, но Нејмар не сакал ни да слушне да учествува во нив.

Па затоа од „Најк“ морале да ја прекинат и дефинитивно соработката со Нејмар, односно го раскинале спонзорскиот договор со Бразилецот.

sportmedia.mk