Германската ракометна репрезентација го потврди своето учество на Летните олимписки игри во Токио. На последниот меч од квалификациите без проблем го совлада Алжира со 26-34.

Ракометарите на Германија фаворитската улога ја оправдаа уште по првите 30. минути, имаа позитива од 14-17, во ист ритам продолжија до крајот на мечот.

Кој ќе биде следниот патник од оваа група на ЛОИ во Токио ќе биде познато по завршување на мечот меѓу Шведска и Словенија. На Швеѓаните им оди во прилог и реми, Словенците ќе мора да победат доколку сакаат да се најдат во Токио.

 

sportmedia.mk