logo
logo
logo

Германија посилна со Мусиала против Македонија

Vecer | 12.03.2021

Германија посилна со Мусиала против Македонија

Талентираниот играч за врска на Баерн Минхен, Џамал Мусиала одсега ќе настапува за репрезентацијата на Германија, а не како досега за Германија. ФИФА му даде официјална дозвола на младиот фудбалер да ги промени националните бои и со тоа да ги засили „Панцирите“.

Главен збор околу ова прашање, и желбата да настапува за Германија, ја имаше сега веќе селекторот во заминување на оваа земја, Јоаким Лев кој исклучително многу верува во овој млад фудбалер и смета дека е иднината на националниот тим.

Мусиала играше за англиските младински репрезентации, но доби право да биде германски репрезентативец, и според тамошните медиуми тој дефинитивно ќе се најде на списокот на Лев за претстојните мечеви од квалификациите за мундијалот во Катар.

Ова за нас е интересно затоа што Германија токму против Македонија го игра својот квалификациски дуел на 31. март во Дуизбург.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk