logo
logo
logo

Германија останува без Горетцка за Еуро 2020, Лев го враќа Томас Милер

Vecer | 11.05.2021

Германија останува без Горетцка за Еуро 2020, Лев го враќа Томас Милер

Фудбалерот на германскиот шампион Баерн (М), Леон Горецка предвреме ја заврши сезоната во Бундеслигата поради повреда на бутот и предизвикува загриженост околу неговото место во репрезентацијата за почетокот на Европското фудбалско првенство.

Репрезентативецот има скинати мускулни влакна на левиот бут на последниот меч со Борусија Менхенгладбах во саботата, по што од клубот објавија дела играчот за врска ќе отсуствува во остатокот од сезоната. Засега не се знае дали селекторот на Германија, Јоаким Лев ќе може да смета на 26-годишниот фудбалер за Европското првенство.

Во меѓувреме, Лев сака да го врати поранешниот репрезентативец Томас Милер во тимот кој ќе настапи на Еуро 2020 ова лето. Лев го повикал Милер и му сигнализирал на ветеранот на Баерн дека сака да го врати назад.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk