logo
logo
logo

Германија ја одбрани светската титула во ски-скоковите

Vecer | 06.03.2021

Германија ја одбрани светската титула во ски-скоковите

Карл Гајгер направи фантастичен скок од 136 метри на големата скокалница во Оберсдорф со што и помогна на Германија да ја одбрани светската титула во тимските ски-скокови на Светското првенство во зимскиот центар Оберсдорф.

Германија во состав Пиус Пашке, Северин Фројнд, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер собра 1046,6 поени за победа.
Германците имаа 11,1 поен повеќе од второпласираната Австрија, за која настапи и индивидуалниот светски шампион на големата скокалница Штефан Крафт. Бронзени се Полјаците која остана со 15,4 поени помалку од победниците, а во тимот го имаа и светскиот шампион на малата скокалница Пјотр Жила.

А Гајгер го заврши ова СП со сребро на малата скокалница и бронза на големата, а сега златен медал во екипна конкуренција и има вкупно 10 медали во кариерата од светските првенства.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk