Откако барем засега, се е готово со Суперлигата, повеќе светски медиуми си прават приказни околу тоа зошто пропаднала целата работа. И дека тешки милијарди биле во прашање, а не тоа дека некој сака или не сака фудбал, вистински фудбал.

Па така германските медиуми шпекулираат дека клучна улога за пропаѓањето на Суперлигата одиграл претседателот на Русија, Владмир Путин.

Тој во понеделникот лично му се јавил на Роман Абрамович и му рекол дека поради “Газпром“, кој е главен спонзор на УЕФА, не смее со својот Челзи да игра во Суперлигата. Едноставно тоа е против интересите на Русија.

Абрамович дури потоа најавил дека Челзи ќе се откаже. Со тоа тргна и лавината на откажување на клубовите.

Кога сме кај ПСЖ, еве зошто овој клуб бил против од почеток.

Имено Германците откриваат дека катарските газди во ПСЖ и тоа како се против С. Арабија, а оваа земја и нејзиниот принц Мохамед бин Салман, фамозмниот и пребогат принц стоел зад цела приказна во договор со Флорентино Перез и „Џеј Пи Морган“. С. Арабија требало да ги даде тие силни милијарди преку банката од САД. А познато е дека Катар и С. Арабија како земји воопшто не се мирисаат.

УЛОГАТА НА ФЛОРЕНТНО ПЕРЕЗ

Газдата на Реал Мадрид, Флорентино Перез е сопственик на најголемата градежна фирма во Европа. Тој добил бизнис од 6,5 милијарди евра за повеќе проекти во С. Арабија. Хонорарот од 150 милиони евра е префрлен како реклама за Реал Мадрид. Перез упатил понуда до Бин Салман тој лично да влезе со финансирање на Суперлигата. И овој се активирал, дури потоа следувале контактите со „Џеј Пи Морган“ кој требало да биде само како “завеса“ за тоа чиви се навистина парите.

Делува замрсено, но приказната продолжува.

Кога за ова дознаваат и газдите на Манчестер Сити, инаку принцови од пребогатите ОАЕ и тие веднаш по Челзи го откажуваат учеството. И сето тоа поради тоа што ОАЕ исто така воошто не се „мирисаат“ со С. Арабија, а посебно со Бин Салманк, кој се поврзува пак со аферата “Кашоги“. И токму затоа никако не може да добие “виза“ од Владата на В. Британија да го купи Њукасл.

И СЕГА НАЈГОЛЕМАТА ИРОНИЈА…

И како капак на се, најголемата иронија е таа што и “контрата“ на Александер Чеферин, односно на УЕФА преку инвестицискиот фонд и тие фамозни 6,5 милијарди евра потребни за уривање на Суперлигата, дали погодувате од каде се?

Па, нормално, од С. Арабија, од Бин Салман!!!

Барем така се шпекулира во германските медиуми.

И сега на крајот кој е победник во целата оваа ПРИКАЗНА?

sportmedia.mk