Откако германските власти децидно најавија дека нема да дозволат доаѓање на Ливерпул во земјата за да го одигра првиот  меч од осминафиналето на ЛШ, денеска стана познато која ќе биде можната локација на која ќе се одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите меѓу РБ Лајпциг и Ливерпул.

Како што објави новинарот на Телеграф, Крис Баском, натпреварот по се изгледа ќе се одигра во Будимпешта. Во исто време, сè уште не е разгледана опцијата за првиот меч да се одигра во Ливерпул, па реваншот да се игра кај Лајпциг, со што би истекла забраната за влез на британски државјани на територијата на Германија, која е во сила до 17 февруари.

Првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите РБ Лајпциг – Ливерпул е закажан за 16 февруари, а реваншот треба да се одигра на 10 март.

sportmedia.mk