logo
logo
logo

Герд Милер: КРАЛОТ на головите, “БОМБАРДЕРОТ“ на Германија...

Vecer | 15.08.2021

Герд Милер: КРАЛОТ на головите, “БОМБАРДЕРОТ“ на Германија...

Германија е во тага. Го нема веќе со нас Герд Милер. Повозрасните викаат таков голгетер нема да се роди веќе. Герд беше синоним на головите.

Тој беше КРАЛОТ на головите, “БОМБАРДЕРОТ“ на Германија.

На најславната Германија, на најславниот Баерн Минхен.

Рекорди и само рекорди се врзани со неговото име.

За Баерн Минхен на 607 натпревари успеа да постигне неверојатни 566 голови, од кои 365 во Бундес-лигата. Тој беше стрелецот на победничкиот гол во финалето на СП во Минхен 1974 против Холандија со што на “панцерите“ им го донесе златото.

Во летото 1964 дојде во Баерн Минхен. Иконата на Германија беше еднаш светски првак во 1974, еднаш европски првак во 1972 со репрезентацијата.

За репрезентацијата на Германија одигра 62 натпревари и постигна 68 голови. Каков биланс!

Со Баерн Минхен беше еднаш светски првак, трипати европски шампион, еднаш победник во Купот на Куповите. По четири пати беше првак на Германија и освојувач на Купот.

Вистинска легенда на светскиот фудбал. Човек кој беше омилен од сите, само голманите не го поднесуваа, а имаа и зошто.

Веднаш денеска се огласија сите познати фаци, пред се фудбалски, во Германија, по повод смртта на Герд Милер.

Германија и фудбалот денеска загубија вистинска легенда.

Само еден беше Герд Милер, КРАЛОТ на головите, “БОМБАРДЕРОТ“ на Германија!!!


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk