logo
logo
logo

Георгиевски во финале! Македонија има сигурно сребро на ЛОИ!

Vecer | 27.07.2021

Георгиевски во финале! Македонија има сигурно сребро на ЛОИ!

Дејан Гоергивски се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми.

Нашиот натпреварувач во полуфиналето го совлада Кјо Дон Ин со 12-6.

Во финалето тој ќе се сретне со Владислав Ларин, кој во полуфиналето беше преубедлив против Кинезот Сун со 30-3.

Македонецот денеска го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk