logo
logo
logo

Георгиевски: Тешко ми беше да ја гледам Македонија на ТВ!

Vecer | 08.03.2021

Георгиевски: Тешко ми беше да ја гледам Македонија на ТВ!

Гоце Георгиевски се враќа во таборот на македонската репрезентација по кратка пауза, искусниот ракометар не беше на Светското првенство во Египет. Долги години го носеше дресот на нашиот најдобар национален тим, па токму затоа е тешко да ги следиш мечевите пред ТВ-екраните.

„Тешко е кога ја гледаш Македонија пред ТВ, тешко е кога не си дел од репрезентацијата. Мене првпат ми се случи да на едно натпреварување да седам дома, не беше ни малку лесно, но тоа е, колку можеш ќе издржиш ама сепак не беше лесно Еве сега повторно сум тука, најважно сум здрав, се надеваме на подобри резултати“, изјави Георгиевски за СПОРТМЕДИА.

Искусното крило е оптимист, верува дека Македонија има потенцијал и иднина.

„Секако изгледа оптимистички, треба да гледаме позитивно кон сето ова. Мислам дека има потенција и иднина во оваа репрезентација, има добар матријал да се разботи, има доста млади играчи, кај кои има напредок. Да не се лажеме, како што кажа селекторот тука има доста работа, ова е само почеток. Сега имаме и нов селектор, но јас секогаш гледам позитивно и сето ова ќе се движи во еден добар правец“.

Македонија во четврток ја пречекува Данска во првиот двомеч во рамките на квалификациите за ЕП 2022.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk