logo
logo
logo

Георгиевски најавува атак на олимписко злато!

Vecer | 10.05.2021

Георгиевски најавува атак на олимписко злато!

Македонскиот Олимписки Комитет денеска организираше средба со новинарите по повод големиот успех на македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски, кој успеа да обезбеди норма за Летните олимписки игри во Токио.

Георгиевски ќе ја претставува нашава земја на олимпискиот турнир во таеквондо, а на денешната прес конференција најави дека во Токио ќе оди со желба за освојување на златен медал.

„Јас живеев за најголемото спортско натпреварување и сонот ми се оствари. Не сакам само да учествувам туку да донесам и златен медал. Благодарност до моите тренери Борче и Дарко Костовски. Без нив овој резултат немаше да се случи. Исто така благодарност до мојот клуб Бутел, моите клупски другари, моето семејство, но најмногу на Бог. Ова се денови кога македонската јавност дозна за историскиот успех. Ми следува малку одмор, а потоа се исклучуваме од реалноста и одиме на олимписки златен медал“, изјави Дејан Георгиевски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk