logo
logo
logo

Георгиевски ќе се бори за златниот медал против Ларин во 14.45 часот

Vecer | 27.07.2021

Георгиевски ќе се бори за златниот медал против Ларин во 14.45 часот

Македонија денеска го слави првиот медал на Олимписките игри во Токио благодарение на Дејан Георгиевски кој забележа досега три победи на таеквондо турнирот во категоријата над 80 кг.

По 21 година чекање нашата земја повторно се закити со олимписки медал од Летните олимписки игри, првиот го освои Могамед Ибрагимов во борење на Игрите во Сиднеј 2000.

Уште пред самиот старт на турнирот Георгиевски најави дека атакува на медал, еве тоа сега стана реалност, се наоѓа на чекор од освојување на олимпиското злато, што би било секако прво во историјата на Македонија.

Денеска ќе ги стискаме палците уште еднаш за нашиот Дејан, според програмата од 14.45 часот (според македонско време, а 21.45 часот локално во Токио), Македонецот ќе ги одмери силите против претставникот на Рускиот Олимписки комитет, Владислав Ларин.

Георгиевски во првото осминафинално коло го елиминираше светскиот шампион Рафаел Алба од Куба со 11:8, потоа во четвртфиналето со 9:4 беше подобар од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска, а во полуфиналето триумфирше над Дон Кјо Ин од Кореја (12:6).

Ларин на стартот со 24:3 славеше над Пита Тауфатофуа од Тонга, потоа беше убедлив и против Словенецот Иван Конрад Трајковиќ (16:3), а во полуфиналната борба го имаше и најдобриот резултат од дури 30:3 против Кинезот Хонѓи Сун.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk