logo
logo
logo

Геј сепак е ОКЕЈ - дури и во Катар

Vecer | 24.11.2022

Геј сепак е ОКЕЈ - дури и во Катар

Сепак, навивачите и играчите ќе можат да ја поддржат ЛГБТК+ заедницата за време на Светското првенство во Катар.

Сè што е во боите на виножитото, кое изразува поддршка за геј заедницата и другите делови на ЛГБТК+, беше латентно забрането во Катар, барем досега.

Навивачите не смеат да влегуваат на трибините со вакви симболи, а репрезентативците не смеат да ги истакнуваат, барем не без казна.

Сепак, неколку дена по почетокот на Мундијалот дошло до пресврт, објави новинарот Мигел Делејни.

Имено, ФИФА ги извести фудбалските сојузи на сите земји дека изразувањето на боите на виножитото ќе биде дозволено за време на Мундијалот, односно дека навивачите нема да бидат запрени од обезбедувањето.

Како точно ќе изгледа, останува да видиме...

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk